Џими Кимел и Џенифер Анистон ѝ приредуваат изненадување на медицинска сестра
Поради новонастанатата ситуација, водителот Џими Кимел ги прави неговите интервјуа преку видео повици. Пред некој ден, тој направил интервју и со медицинска сестра. Кимбал работи како медицинска сестра во Јута, а неодамна се заразила со корона вирусот. Водителот, сакајќи да ѝ се заблагодари за нејзината храброст и помош во овие тешки времиња, ѝ приредил навистина интересно изненадување - сред интервјуто, во разговорот се вклучува и Џенифер Анистон! Како ова да не е доволно за Кимбал, познатата актерка ѝ подари 10.000 долари, но и ваучери за секоја медицинска сестра од одделот на Кимбал.