Како би изгледале познатите ако не беа богати?



Сите се восхитуваме на изгледот на познатите - тие изгледаат беспрекорно, дури и кога споделуваат фотографии без грам шминка. Но, понекогаш забораваме дека нивниот изглед се должи на парите што ги имаат. Сигурно ќе изгледате многу добро и без шминка кога за вашиот изглед ќе потрошите стотици илјадници долари. Поголемиот дел од познатите не биле отсекогаш милионери, па нивните фотографии од минатото ни овозможуваат да ја погледнеме моќта на парите. На пример, Илон Маск речиси останал без коса, но благодарение на богатството, можел да си дозволи пресадување.

The HWD Facebook commenting plugin is not published