Кајли Џенер, Мараја Кери - Познати мајки кои беа остро критикувани од јавноста
Воопшто не е лесно да бидете мајка. Откако ќе одлучите на свет да донесете ново дете, морате да научите многу работи и да земате предвид безброј фактори. Откако, пак, ќе се роди детето, морате постојано да внимавате на него. Сега замислете како им е на познатите мајки - покрај сиот стрес од мајчинството, тие треба да го трпат и критикувањето од јавноста. Голем број славни мајки се соочиле со навистина остри критики за начинот на кој се грижат за своите деца. Кајли Џенер, Мила Кунис и Мараја Кери се само дел од жените кои морале да се справуваат и со ова.