„Пред и потоа“ споредба - Познатиот тајландски пазар испразнет поради пандемијата



Овие снимки го покажуваат влијанието на корона вирусот врз една од најпознатите атракции во Бангкок. Пазарот познат како Rot Fai Train Night Market секоја вечер привлекуваше илјадници посетители. Некои пазаруваа, а некои само оддалеку им се восхитуваа на шарените шатори и покриви. Но, пандемијата ги затвори луѓето дома и сега, местото кое беше едно од најраздвижените во градот, е вистинска пустелија. Ова видео прави навистина интересна споредба - како изгледал пазарот пред и после пандемијата.

The HWD Facebook commenting plugin is not published