Позитива на денот - 34-годишен орангутан научил да си ги мие рацете
Изгледа и животните се загрижени за своето здравје сред пандемијата со корона вирусот. Орангутанот Сандра има 34 години и била родена во зоолошка во Германија. Поголемиот дел од животот го поминала во Буенос Аирес, каде што била целосно осамена. За среќа, во ноември минатата година таа била преместена во центар за мајмуни, каде што може да се дружи со 22 други орангутани. Неодамна, на интернет се појави видео од Сандра на кое таа си ги мие рацете и кое сигурно ќе ви го подобри расположението. Сандра е толку темелна во миењето раце, што слободно можеме да учиме од неа. Уживајте!