Како да се заштитите од микроби и вируси во авион?
Можеби наредниве неколку месеци нема да патувате никаде, но откако ќе помине кризата со корона вирусот, сигурно повеќе ќе внимавате на вашето здравје. Сите знаеме дека авионите се едно од најпогодните места за разнесување микроби и вируси, па добро би било да знаете како најдобро можете да се заштитите. Првото нешто што треба да го направите откако ќе седнете во авионот е да го дезинфицирате опкружувањето. Со антибактериско марамче избришете ги држачите на седиштето, масичката и сè што ќе допирате во текот на летот.