Храна што може да ви помогне да се справите со анксиозноста
Анксиозноста е еден од најраспространетите ментални проблеми и милиони луѓе ширум светот страдаат од неа. Иако денес постојат многу терапии и лекови за ублажување на симптомите, знаевте ли дека начинот на исхрана може да има големо влијание врз закрепнувањето? Правилната исхрана можеби нема да ја излечи анксиозноста, но дефинтивно ќе ви помогне да ублажите некои од симптомите. Разни видови храна имаат разно влијание врз нашиот организам, но и врз менталната состојба. Лососот, јајцата и темното чоколадо се само дел од намирниците што можат да ги ублажат симптомите на анксиозност.