10-те најморничави теории на заговор за гигантот Amazon
Иако кај нас се користи поретко, на Американците понекогаш им е многу поисплатливо да си порачуваат работи од Amazon, отколку да ги купуваат во продавница. Денес оваа компанија вреди околу 1 трилион долари, а веројатно поради популарноста, за Amazon постојат секакви теории на заговор. Додека некои очигледно се лажни, мал дел изгледаат толку реално, што се навистина морничави. На пример, многу луѓе се убедени дека виртуелниот асистент на Amazon, познат како Alexa, постојано ги преслушува луѓето. Ова значи дека приватните разговори на секој кој има Alexa, ѝ се достапни и на компанијата…