Актери и актерки кои го напуштиле филмскиот сет сред снимање
Работата на актерите е да имитираат секакви емоции пред екран, и тоа со многу малку време за подготовка. Но, само затоа што се експерти за имитирање и контролирање емоции, не значи дека понекогаш не им дозволуваат да ги надвладеат. И актерите се само луѓе и понекогаш стануваат гневни, па одлучуваат дека најдоброто нешто е да го напуштат филмскиот сет, без разлика што камерите сè уште снимаат. Знаевте ли дека Хоакин Феникс многу често го напуштал сетот на Joker? Поради ова, неговите колеги неретко се прашувале да не погрешиле нешто, но подоцна режисерот Тод Филипс откри дека Хоакин најчесто го напуштал сетот кога не бил задоволен од неговата изведба или кога сметал дека во тој момент не може да го долови ликот.