12 емоции кои сигурно сте ги почувствувале, но не можете да си ги објасните
Сите знаеме што е стравот и сите сме свесни кога го чувствуваме. Сите знаеме и какво е чувството на среќа, тага, возбуда… Но, колку пати ви се случило да почувствувате нешто кое не само што нема име, туку не можете ни да си го објасните? Дали некогаш сте помислиле дека никогаш нема целосно да знаете некоја личност? Без разлика дали тоа е вашата мајка, брат, партнер или пријател, никогаш нема да знаете буквално сè за таа личност. Всушност, ќе знаете онолку колку што таа ќе ви дозволи. Кога размислувате за ова, веројатно чувствувате и одредени емоции кои не можете да си ги објасните. Сепак, изгледа постои збор што ја опишува точно оваа емоција или ова чувство.