Уникатни физички карактеристики што ги имаат едвај 5% од населението
Јасно е дека не постојат двајца целосно идентични луѓе на планетата. Нормално, сите имаме раце, нозе, очи, уши… но сепак, сите се разликуваме на свој начин. Дури и идентичните близнаци имаат различни отпечатоци на прстите. Но, што е со физичките карактеристики кои се појавуваат само кај мал дел од населението? Најчесто овие карактеристики се останати од нашите предци, а поголемиот дел од луѓето ги изгубиле поради еволуцијата. Во ова видео можете да дознаете нешто повеќе за овие карактеристики и којзнае, можеби и вие имате некоја од нив.