Протеински шејкови, кинеска храна - Како изгледал начинот на исхрана на Брус Ли?
Брус Ли е синоним за боречки вештини и иако не бил „набилдан“, тој дефинитивно бил многу силен. Но, како успеал да ја постигне таа форма? Тренинзите на Брус биле брутални и ретко кој би ги издржал, па веројатно ве интересира што всушност јадел за да ја добие потребната енергија. Многумина се имаат обидувано да го рекреираат неговиот начин на исхрана и според тоа да направат некаква диета, но наводно, Брус Ли не држел диети и воглавно го слушал неговото тело. Според некои извори, тој ги сметал слатките за „празни калории“, па поради тоа ги избегнувал, исто ако и рафинираното брашно. Јадел по неколку оброци во денот, а најмногу ја сакал кинеската храна. Погледнете го видеото и дознајте што сè јадел Брус Ли за да ја одржи неговата импресивна форма.