Епидемиолог објаснува што точно значи социјалното дистанцирање
Откако корона вирусот стана глобален проблем, властите ширум целиот свет испратија апел до нивните граѓани да практикуваат социјално дистанцирање. Сите бевме сведоци на луѓе кои ја избегнуваа оваа препорака, најверојатно бидејќи на повеќето не им е јасно што точно значи социјалното дистанцирање. Ова е всушност најдобриот начин да се спречи ширењето на која било зараза, вклучувајќи го и корона вирусот. Социјалното дистанцирање значи да го напуштате домот што е можно поретко, да се држите на растојание од другите кога сте во јавност и, воглавно, да го лимитирате контактот со сите луѓе. Каролин е епидемиолог на Универзитетот во Пенсилванија и во ова видео многу добро објаснува што точно значи социјалното дистанцирање и зошто е тоа особено важно периодов.