Филмови што ги разочараа сите уште во првите месеци од 2020-та
Кога ќе земете предвид колку филмски премиери беа закажани уште за почетокот на 2020-та, нормално е да има и многу разочарувања. Некои од филмовите што нè разочараа се големи проекти со навистина добри актери, а дел се од поанонимни режисери, кои не успеале да ни го привлечат вниманието. Поминаа едвај три месеци од 2020-та, а веќе имаме неколку големи филмски разочарувања. Едно од нив е „Underwater“. Иако главната улога ѝ припаѓа на Кристен Стјуарт, филмот не помина најдобро. Некои сметаат дека причината е што беше издаден во „бавен период“ за филмската индустрија, а некои тврдат дека премногу наликува на филмовите „Alien“ и „The Abyss“…