Филмови и серии што се одложени или откажани поради пандемијата



Ширум светот се затворени голем број кино сали, а постепено почнуваат да се затвораат и филмските сетови. Поради пандемијата со корона вирусот, забавната индустрија одлучи дека е најпаметно да се одложат, па дури и да се откажат многу долгоочекувани филмски наслови и телевизиски серии. Сериите како „Riverdale“ и „Gray’s Anatomy“ престанаа со снимање, што значи ќе се одложи емитувањето на новите сезони, а некои шоуа, како она на Џими Фелон, ќе се снимаат, но во празно студио. Слична судбина ги снајде и многу холивудски филмови, па „Mulan“, „Fast & Furious 9“ и многу други веројатно нема да ги дочекаат своите премиери до крајот на годината.

The HWD Facebook commenting plugin is not published