Пропаднат брак, пластични операции - Најголемите контроверзии за Деми Мур
Деми Мур се има појавено во многу филмови, а во 80-тите и 90-тите беше најголемата холивудска ѕвезда. Сепак, одвреме-навреме, актерката знае да ги зачуди фановите со нејзините контроверзни одлуки. На пример, кога имаше само 18 години, Деми се венча со музичарот Фреди Мур, кој е цели 12 години постар од неа. Бракот уште веднаш беше осуден на пропаст, не само поради возрасната разлика, туку и поради неодамнешниот развод на Фреди. Ноќта пред венчавката, пак, Деми била на нејзината моминска вечера, од која си заминала за да го изневери нејзиниот иден сопруг…