„Ако не ослабев, ќе ми завршеше кариерата“ - Тајра Бенкс одговара на навистина лични прашања



Тајра Бенкс е една од најпопуларните личности на Земјата, а овојпат ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за неа. Во соработка со Vanity Fair, Тајра одговара на неколку навистина лични прашања за неа. Во видеото, таа седи на столче, а со секое прашање камерата се приближува кон нејзиното лице. Прашањата стануваат сè полични, а камерата е сè поблиску до неа, така што одлично ќе ги видите изразите на нејзиното лице. Прашањата се поделени во четири категории - моделство, семејство, бизнис и идентитет.

The HWD Facebook commenting plugin is not published