10 познати личности кои би требало да се во затвор
Понекогаш ни изгледа како познатите да имаат сè - кариера, слава, пари… Но зад навидум совршениот живот, многу познати личности кријат мрачни тајни. Всушност, ќе се изненадите колку славни личности направиле ужасни злодела за кои дефинитивно би требало да одат во затвор. На пример, во 2006-та, Мел Гибсон беше „фатен“ како вози во алкохолизирана состојба. Притоа, актерот држел и отворено шише алкохол. Како ова да не е доволно, откако полицаецот му рекол да излезе од автомобилот и почнал да го испрашува, Мел му упатил неколку расистички навреди и се однесувал ужасно кон него. Проблемот е што ова не е првпат Мел да биде фатен како вози под дејство на алкохол, а во 2009-та судијата одлучил да му го „исчистат“ досието.