Како да препознаете дали некоја фотографија е „фотошопирана“?
Нема личност која користи Instagram, а која не ги употребува филтрите што ги нуди апликацијата. Но, сè повеќе луѓе дополнително ги обработуваат нивните фотографии со алатки како Фотошоп. Проблемот е што на овој начин е многу лесно да „продадете“ лага, а туѓите „фотошопирани“ фотографии можат не само да ви го расипат расположението, туку и да ви ја нарушат самодовербата. Сепак, обработувањето на фотографиите не е совршено и секогаш постојат некои детали што го издаваат. Ова видео ќе ви покаже како да ги разликувате реалните од „фотошопираните“ фотографии.