Викторија и песната „Tears Getting Sober“ ќе ја претставуваат Бугарија на Евровизија 2020
И Бугарија го одбра својот претставник за Евровизија 2020, а веднаш по премиерата, песната се покажа како вистински хит помеѓу евровизиските фанови. Викторија е едно од најнадежните нови имиња на музичката сцена во Бугарија, а годинава се очекува и нејзиниот прв албум. Бугарската песна за Евровизија, насловена „Tears Getting Sober“, си доби и свој видео запис, кој можете да го погледнете на видеото.