Навредливи натписи, расистички ревии - Ситуации во кои модните брендови претерале



Само затоа што се популарни и сите ги купуваат нивните продукти, не значи дека модните брендови се имуни на грешки. Проблемот е што понекогаш овие грешки се навредливи, па дури можат и да го срушат целиот имиџ на брендот. На пример, неодамна Fashion Institute of Technology одржа ревија на која моделите мораа да носат маска која наликува на мајмун. Но, еден од моделите одби да ја носи маската бидејќи ја сметаше за навредлива и расистичка и предизвика вистинска бура онлајн. Брендот Revolve, пак, ги разгневи своите муштерии кога во продажба пушти маички со натпис „Being fat is not beautiful, it’s an excuse“ (дебелината не е убава, туку изговор).

The HWD Facebook commenting plugin is not published