Познати личности кои се против Photoshop и кои ја слават природната убавина
Се навикнавме да ги гледаме познатите во совршено издание - сите нивни фотографии и видеа се уредувани, па понекогаш тие се непрепознатливи на нив. Но, колку и да звучи чудно, изгледа дека индустријата почнува да се менува и сè почесто познатите одбиваат да ги уредуваат нивните фотографии и ја слават природната убавина. Кејт Винслет, Лорд и Лејди Гага се само некои од познатите кои не сакаат да го лажат светот со „фотошопирани“ фотографии.