Познати пејачи и пејачки кои звучат одлично и без музика и микрофон
За да станете познат пејач ви треба талент, но денес е многу лесно да ги излажете слушателите дека имате добар глас. Постојат безброј програми за „средување“ на гласот и дури и да сте најлошиот пејач, на снимката можете да звучите како Витни Хјустон. Но, дел од најпопуларните пејачи и пејачки навистина имаат со што да се пофалат. Аријана Гранде, Шон Мендез и Мараја Кери се само дел од изведувачите кои звучат одлично, па можеби дури и подобро без микрофон и без придружба од музика. Што мислите, кој го има најдобриот вокал?