Психолошки трикови што ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми
Ако сакате да ослабите, веројатно истражувате кои диети и вежби се најдобри за тоа. Сигурно не ни помислувате дека можете да го „натерате“ вашето тело да се ослободи од вишокот килограми со помош на вашата психа. Но, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да го забрзате процесот. На пример, се покажало дека аромата на банана или портокал може да го намали апетитот. Па, ако пред оброкот помирисате некое од овие овошја, голема е веројатноста да изедете помалку, а со тоа и да внесите помал број калории.