Знаци кои покажуваат дека сте нетолерантни на глутен
Безглутенската исхрана стана навистина популарна, но секој лекар ќе ви каже дека доколку не сте нетолерантни на глутен, не би требало да го избегнувате. Нетолеранцијата на глутен е болест позната како целијакија и е придружена со неколку симптоми. Луѓето кои страдаат од оваа болест некогаш не се ни свесни на нивната нетолеранција, а тоа може да им предизвика низа здравствени проблеми. За среќа, вашето тело ќе ви каже кога нешто не е во ред, само треба да знаете на кои знаци да им обрнете внимание. Проблемите со кожата и подуеноста се чести симптоми на нетолеранција на глутен, а во видеото можете да дознаете повеќе.