Што ќе се случи со светот ако се појави пандемија?



Коронавирусот почна да се шири низ речиси целиот свет, но според СЗО, сè уште сме далеку од пандемија. Па, што точно претставува пандемијата, кога се прогласува и што би се случило со светот доколку се најдеме во таква ситуација? Самиот збор „пандемија“ може да звучи застрашувачки, а благодарение на бројните филмови и книги, сите ја поврзуваме пандемијата со болест, масовна паника и смрт. Точната дефиниција за пандемија може да варира и најчесто се прогласува пандемија кога некоја болест се шири низ целиот свет, а притоа се појавува и кај луѓе кои немале контакт со нејзиниот првичен извор…

The HWD Facebook commenting plugin is not published