Промени на вратот, промени на прстите - Како технологијата ја менува формата на нашето тело?
Што правите додека чекате автобус? А, додека чекате ред или додека го чекате пријателот? Всушност, што правите во речиси секој миг од вашето слободно време? Како повеќето, веројатно гледате во вашиот телефон. Смартфоните станаа неизоставен дел од нашите животи и, во просек, минуваме најмалку два часа дневно гледајќи во нив. Но дали ова има влијание врз нашето тело? Изгледа дека одговорот е да. Имено, научниците почнале да забележуваат разни промени на телото, како одредено искривување на грбот, кои се појавиле после „бумот“ на смартфоните.