Телохранители, асистенти - Луксузни услуги што ги користат само богатите
Постојано слушаме и читаме за богатите и нивниот начин на живот, но знаете ли кои се услугите што најчесто ги користат само тие? Наводно, постојат 15 услуги што ги користат богатите, со цел да си го олеснат животот. Сигурно веќе знаете дека повеќето од нив, особено ако се јавни личности, имаат лично обезбедување. Некои имаат по еден телохранител, а некои најмуваат и мала армија која се грижи за нивната безбедност. Друго нешто што им е заедничко на богатите се асистентите. Овие луѓе можат да си дозволат и личен тренер, но и лекар кој ќе работи само за нив.