Медузи, инсекти, месо од лабораторија - Како би изгледала храната во 2050-та година?
Свесни сме дека секоја година, трендовите, технологијата и нашиот начин живот се менуваат. Но, речиси никогаш не помислуваме како се менува храната што ја јадеме. Кога ќе размислите подобро, ќе сфатите дека нашата исхрана е многу поразлична од онаа нашите баби и дедовци, а експертите тврдат дека нè очекуваат уште промени во оваа област. Поради наглото зголемување на популацијата, голема е веројатноста до 2050-та да се храниме сосема поразлично од денес. Можеби никогаш не сте помислиле да јадете медузи, но според некои прогнози, наредните 30 години медузите ќе станат вистински деликатес. Истото важи и за инсектите...