Актери кои си го ризикувале животот за да снимаат сцена од филм
Иако на филмскиот сет се преземаат сите можни мерки за безбедност, нештата не секогаш одат по план, па се случува актерите и актерките буквално да го ризикуваат својот живот, само за да снимаат сцена од филм. Можеби последниот дел од серијалот „Resident Evil“ не е најдобриот, но дефинитивно е најопасниот. Барем за актерите и каскадерите. Имено, една од двојничките на Мила Јовович речиси загинала додека снимала сцена со возење мотор. Таа дури била ставена и во вештачка кома, само за да ѝ го спасат животот. Но, ова не е единствената несреќа што се случила на снимањето...