Најтажната холивудска приказна - животот на Џуди Гарланд
Проблемите на Џуди Гарланд започнале уште пред таа да се роди. Кога мајка ѝ останала бремена со неа, нејзините родители веќе имале две деца, а бременоста не била пријатно изненадување. Всушност, таткото на Џуди дури и се консултирал со лекар за прекинување на бременоста на сопругата. Но, тогаш абортусот бил нелегален во САД, па во 1922-ра година се родила Џуди Гарланд, во семејство што не ја сакало. Името што го знаеме ние, актерката го одбрала подоцна во животот и по раѓањето била крстена Френсис Етел Гам…