Слушнете го српскиот фаворит за Евровизија: „Hasta La Vista“ од Hurricane



Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Беовизија, музичкиот фестивал на кој ќе се одбере песната што ќе ја претставува Србија на Евровизија. Финалето е закажано за во недела, но уште сега е очигледно дека најголем фаворит е синглот „Hasta La Vista“ на девојките од групата Hurricane. Песната сега си доби и видео запис, кој за помалку од два дена веќе има над 800.000 прегледи. Што мислите, дали ова ќе биде триото што ќе ја претстави Србија на овогодишната Евровизија?

The HWD Facebook commenting plugin is not published