Како би изгледале смартфоните во 2030-та година?
Пред помалку од 10 години, сите им се радувавме на смартфоните кои имаа камера со 3-4 мегапиксели, екран со многу ниска резолуција и 10-тина гигабајти меморија. Денес смартфоните се како џебен компјутер и со нив можеме да правиме речиси сè. Кога ќе го земете предвид брзиот напредокот на овие технологии, можеме само да замислиме што нè очекува во иднина. Погледнете го видеото и дознајте како (веројатно) ќе изгледаат смартфоните следната деценија.