Познати личности кои беа критикувани поради нивното тело
Со цел тим стилисти, тренери и нутриционисти, веројатно на познатите не би требало да им биде тешко да ја одржуваат совршената линија. Но понекогаш забораваме дека и тие се само луѓе и некои од нив можат да имаат некој килограм повеќе. Веројатно поради ова, голем број славни претрпеле најостри критики, па дури и навреди, само затоа што нивното тело не било совршено. Селена Гомез е една од нив. Пејачката многупати се соочила со злобни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Но, луѓето дефинитивно претераа откако се појавија фотографии од нејзиниот одмор во Австралија. Кратко пред патувањето, пејачката имаше сериозна операција, но ова не ги спречи „фановите“ да ја критикуваат бидејќи имала стомаче.