Познати музичари кои беа „фатени“ како пеат на плејбек
Кога сте платиле да слушате некој во живо, веројатно нема да ви се допадне ако дознаете дека пее на плејбек. Иако некои од најпознатите музичари би требало да се однесуваат како професионалци, изгледа одвреме-навреме и тие, на големо разочарување на фановите, одлучуваат да пеат на плејбек. Селена Гомез, Џастин Бибер и Шакира, односно некои од најголемите музички ѕвезди, се дел од оние кои настапувале во живо со плејбек.