Строги правила што гостите на Џими Фелон мораат да ги почитуваат
Шоуто на Џими Фелон е едно од најпознатите во светот и без разлика дали сте познат или „обичен“ гостин, морате да следите одредени правила. На пример, поради големата заинтересираност за гледање на шоуто во живо, но и ограничениот број на места во студиото, не можете да присуствувате на снимање двапати во шест месеци. Ако сепак успеете да станете дел од гостите, подгответе се да поминете многу часови во студиото. Иако можеби шоуто трае едвај еден час, за снимање треба многу подолго.