Документарци што им „продаваа лаги“ на гледачите
Документарците се одличен начин да научите нешто додека се забавувате. Но, што кога овие филмови ќе почнат да шират лажни информации? За жал, има и такви. Можеби најинтересна е приказната за документарецот „Supersize Me“. За овој документарец, режисерот Морган некој период јадел само брза храна од McDonald’s. Целта му била да го открие негативното влијание на оваа храна врз здравјето. Откако документарецот се прослави, не само што многу луѓе ја избегнуваа брзата храна, туку и од McDonald’s почнаа да вклучуваат салати во нивното мени. Но, подоцна се откри дека Морган лажел за неговата здравствена состојба и дека всушност бил алкохоличар уште пред да почне со снимањето на документарецот.