Били Ајлиш приреди изненадување за нејзина обожавателка



Били Ајлиш навистина ги сака своите фанови, а со изненадувањето што ѝ го приреди на една нејзина обожавателка уште еднаш го докажа тоа. 16-годишната Мариса живее со мајка која боледува од дијабетес. Мајка ѝ е во инвалидска количка, а Мариса е онаа којашто се грижи за неа. Девојчето било повикано на интервју во радиото Capital FM, без да знае дека тоа ќе биде еден од најубавите денови во нејзиниот живот. Водителот ѝ постави прашање за нејзиниот најголем идол, Били Ајлиш, и додека Мариса зборуваше за неа, Били влезе во студиото и се прикраде зад неа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published