Трик за кој знаат малкумина - Факти за дигиталното разубавување во филмови и спотови
Ако мислите дека сите изведувачи, актери и актерки изгледаат многу подобро од вас, не се лажете. Но знаевте ли дека причината за тоа не е нивната природна убавина, туку целиот тим стилисти и, можеби најважното, дигиталното разубавување. Beauty work, или дигитално разубавување, е подобрување на изгледот актерите, изведувачите и слично во сите видеа и филмови во кои се појавуваат. На некој начин, ова е како Photoshop за видеа. Проблемот е што малкумина се свесни за ова и најчесто никој од познатите нема да признае дека било искористено на него. Погледнете ги неверојатните факти за оваа техника, што сигурно ќе направат да се чувствувате подобро во сопствената кожа.