Што открива вашето лице за вас според науката?
Многу научници веруваат дека нашите лица всушност откриваат многу за нашиот карактер, но и за нашето здравје и нашата ментална состојба. На пример, многу луѓе веруваат дека едната страна од нивното лице изгледа многу подобро на фотографии, за разлика од другата. Ова, пак, кажува многу за начинот на којшто работи вашиот мозок. Причината е што мозокот има две хемисфери, од кои едната е „задолжена“ за логички проблеми, а другата е вашата креативна страна. Во зависност од тоа која хемисфера ви е „поактивна“, таа страна од вашето лице ќе ви изгледа попривлечна…