„Строги“ модни правила што Били Ајлиш одбива да ги почитува
Не е тајна дека Били Ајлиш е малку поразлична од младите музички ѕвезди што ги гледаме денес, и тоа не само поради нејзината музика. Едно од најпрепознатливите нешта кај оваа ѕвезда е нејзиниот стил на облекување. Всушност, и покрај тоа што ги прекршува можеби најважните модни правила, Били успеа да стане модна икона. Дури и Ана Винтур била импресионирана од стилот на младата Били. Пејачката има изјавено дека не ѝ е целта да го рекламира нејзиното тело, па без проблем присуствува на настани како Оскари и Греми со тренерки или широка облека.