Актери кои не го добија заслуженото признание на овогодишните Оскари
Оскарот е најпрестижната награда во филмската индустрија и по правило, би требало да се натпреваруваат најдобрите од најдобрите. Но, понекогаш и Академијата прави грешки и заборава да им даде признание на актерите и актерките кои навистина го заслужиле тоа. Најдобар пример за оваа година е изведбата на Роберт де Ниро во „The Irishman“. Со неколкуте номинации, филмот на Скорсезе се покажа како вистински погодок, но на многумина не им беше јасно зошто никој не зборуваше за неверојатната глума на де Ниро.