Недолично однесување на познатите „фатено“ на безбедносни камери
Сигурно постојат многу работи што познатите не би сакале да ги дознаеме за нив. За жал, одвреме-навреме безбедносните камери ги издаваат, па целиот свет дознава за нивните инциденти. Некои, пак, дури и завршиле во затвор токму поради вакви снимки. Се сеќавате ли кога во јавноста се појави видео од Аријана Гранде на кое се гледа како пејачката лиже крофна во пекара? Уште полошо е што таа не ја купи крофната, која сигурно завршила кај некој друг. Иако Аријана подоцна се извини за инцидентот, многумина беа убедени дека воопшто не станува збор за искрено извинување.