Стрипови, рачни часовници - Како Еминем ги троши своите пари?
Детството на Еминем не било воопшто лесно. Но сепак, тој успеа да стане еден од најпознатите рапери на сите времиња. А, благодарение на неговата слава, тој заработи и многу пари. Иако за раперот е познато дека е скромен и внимателно ги троши парите, одвреме-навреме и тој знае да се почасти со нешто. На пример, Еминем многу сака рачни часовници и може да се пофали со навистина импресивна колекција, во која има и неколку модели Rolex. Раперот „собира“ и патики и стрипови, а многу пари дава и за автомобили. Погледнете како Еминем го троши своето богатство.