Филмови чиј крај не треба да го разберете
Ви се случило ли да изгледате филм, и на крај да имате повеќе прашања отколку одговори? Иако денес повеќето филмови се лесни за „следење“ и разбирање, одвреме-навреме се појавува по некој филм што навистина си игра со нашиот ум. А, изгледа дека неретко, целта на режисерите им е токму тоа - само да ги збунат гледачите. „Inception“ и „Oldboy“ се само некои од филмовите чиј крај треба да остане „неразбран“ и да ве тера да мислите на него уште долго време.