Како изгледа приготвувањето на 215.000 оброци за Super Bowl?
Секоја година во САД се одржува натпреварот Super Bowl, а со текот на времето, ова стана најгледаниот телевизиски настан ширум светот. Но покрај преносот на телевизија, голем број луѓе уживаат во спектаклот во живо. А, кога ќе соберете толку многу луѓе на едно место, мора да им обезбедите и храна. Токму поради ова, од целата држава се собираат некои од најдобрите готвачи чија задача е да направат храна за дури 215.000 луѓе. Годинава во кујната работеле дури 3.000 готвачи и помошници, кои направиле 10.000 хот-дог сендвичи и 400 разни други оброци, и тоа само една недела пред натпреварот. Како се одвивал целиот процес, можете да погледнете во видеото.