Актерите откриваат кои се најлошите филмови од нивната кариера
Навистина е тешко да ги натерате актерите да кажат што навистина мислат за нивните филмови, особено ако станува збор за филм што не им се допаѓа. На наше големо изненадување, многу од нив сепак прозбореле за најлошиот филм од нивната кариера. Во 2002-ра, Хали Бери доби Оскар за најдобра актерка. Три години подоцна, актерката доби Златна малина за улогата во Catwoman. Актерката гордо ја прифати наградата, го нарече филмот ужасен, но изјави дека не ѝ е криво што го снимила. Наводно, на снимањето запознала многу луѓе, што инаку не би ги сретнала.