Места на Земјата каде што гравитацијата „не работи“



Гравитацијата е природен феномен и претставува привлечна сила помеѓу две тела. Нашата планета си има своја гравитација и токму оваа сила нè држи на Земјата. Но, постојат неколку локации ширум светот каде што изгледа како овие правила на физиката да не важат. Овие места се еден вид гравитациска аномалија. Rua do Amendoim е улица во Бразил со ваква аномалија. Ако го оставите вашиот автомобил на оваа улица и ја кренете рачната кочница, автомобилот ќе почне да се движи нагоре. Повеќето луѓе сметаат дека најверојатно постои научно објаснување за ова, но некои локални жители се убедени дека улицата е проколната.

The HWD Facebook commenting plugin is not published