Што всушност ќе се случи ако се заразите со корона вирусот?



Деновиве, главна тема на зборување е корона вирусот, кој наводно почна да се проширува од Кина. Поради брзото ширење на вирусот, како и смртните случаи, многу луѓе се исплашени. Но, што всушност се случува со телото ако се заразите со овој вирус? Вирусот може да се пренесе преку контакт со заразена личност, но и со допирање на заразена површина, особено ако потоа ги допрете устата, очите и слично. Најчесто, заразените покажуваат симптоми како треска, кашлање и вртоглавица - многу слични како оние од грип. Ова видео детално објаснува што прави вирусот во организмот, како се размножува, кои симптоми ги покажува, но и дали постои простор за паника.

The HWD Facebook commenting plugin is not published