Позитива на денот: 92-годишен дедо танцува сред улица



Во Чикаго, еден 92-годишен дедо „предизвикал“ уличен изведувач за натпревар во танцување, а резултатот е ова видео. Старецот Јанг Ло игра подобро од повеќето од нас, а годините очигледно не му претставуваат пречка. Видеото го направила неговата внука која вели дека штом дедо ѝ го забележал танчарот, веднаш истрчал да му се придружи. Овој дедо навистина го живее животот до максимум и дефинитивно можеме да научиме нешто од него.

The HWD Facebook commenting plugin is not published